Путин: Руските војници се борат против директните следбеници на нацизмот

од Stefanija Kuzmanovska

За време на специјална воена операција, руските војници и команданти се борат против директните следбеници на нацизмот, рече рускиот претседател Владимир Путин во пораката до руските Евреи и сите оние кои го слават Денот на спасението и ослободувањето.

„И ние и идните генерации треба свето да ја чуваме историската вистина за Втората светска војна, да бидеме свесни за погубните последици од секоја толеранција на национализмот, антисемитизмот, ксенофобијата. За време на специјална воена операција, нашите борци и команданти денес се борат со директните следбеници на нацизмот“, наведува Путин, стои во објавата на веб-страницата на Кремљ.

Тој додаде дека овој датум зазема посебно место во еврејскиот верски календар и служи за зачувување на сеќавањето на подвигот на војниците на Црвената армија и сојузничките војски во антихитлеровската коалиција која ги спаси еврејските и другите народи од нацизмот.

Празникот Денот на спасението и ослободувањето е всушност „Денот на еврејската победа“, трогателен празник кој се слави во чест на победата на 9 мај 1945 година. Празникот е востановен пред само една деценија, но се слави во еврејските заедници ширум светот, пренесува „Спутник“.

Слични содржини