Путин, Шојгу и Герасимов имаат шифри за употреба на нуклеарно оружје – само 100 бомби ќе стават крај на цивилизацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Во јуни 2020 година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша документ со кој се предвидуваат условите под кои најголемата земја во светот може да користи нуклеарно оружје. Содржината на тој документ е достапна за пошироката јавност и накратко, во него се наведува дека Русија може да користи нуклеарно оружје под четири услови.

Првиот е одговор на напад со нуклеарно или друго оружје за масовно уништување врз Русија и нејзините сојузници. Вториот се предупредување и доказ дека нуклеарни проектили биле лансирани кон Русија. Третиот услов е напад врз државната и воената инфраструктура, со што би се спречил руски нуклеарен одговор. Последната можност подразбира опасност дека е загрозен опстанокот на државата, а одбраната не е можна со конвенционално оружје.

Претседателот на Русија секогаш има пристап до шифрите за лансирање нуклеарно оружје. Лаички кажано, во неговата околина секогаш има куфер со опремата со која на генералштабот му се дава наредба да лансира проектили со нуклеарни боеви глави.

Во генералштабот тие можат да ги пренесат шифрите и командата за употреба на нуклеарно оружје на командантите на единиците, на една или повеќе од нив истовремено. Има и резервен систем кој му овозможува на генералштабот да ги заобиколи командантите на единиците и директно да лансира проектили.

Заедно со Владимир Путин, уште две лица одлучуваат за употреба на нуклеарно оружје. Тоа се министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов. Никој од нив поединечно не може да издаде наредба за употреба на атомско оружје, туку само со согласност на барем уште едно лице. Ова е неопходно од безбедносни причини.

Ќе се согласите дека не е пожелно само една личност да има контрола над оружје кое може да го уништи целиот жив живот на планетата. Русија има повеќе од 5.900 нуклеарни бомби, проектили и торпеда. Сите тие оружја не се активни, но само 1.600 од тој број (исто како Америка) се спремни за употреба. А само сто бомби се доволни да ја уништат нашата цивилизација.

Слични содржини