Путин со голема чистка на високи шефови во безбедносните служби! Имало ли обид за државен удар?

од desk3
119 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин направи чистка во раководствата на тајни служби, обезбедувањето на Кремљ и во Министерството за одбрана, објавија РИА Новости и ТАСС. Тој ослободил од менаџерски позиции луѓе од тимот на претседателот, Федералната служба за безбедност (ФСБ), Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, соопшти прес-службата на Кремљ.

20151229-hsihvwfydw

Часови порано сајтот News2.info навестува за сомнеж дека предходно бил спречен обид за државен удар под наслов “Во Кремљ се случува нешто уапсен е шеф на претседателската гарда”. Во написот се истакнува дека е уапсен генералот на чело на Федералната служба за безбедност – Генадиј Лопирев, под сомнение за извршено кривично дело.

Канцеларијата има главната задача да ги чува првите државници на Русија, на чело со претседателот Путин, како и стратешки важни владини објекти. Медиумот го цитира “Интерфакс” и додава дека генералот е приведен како резултат на внатрешна проверка. Што злосторство извршил шефот на службата за обезбедување, засега не е познато.

Медиумот го цитира “Интерфакс” и додава дека генералот е приведен како резултат на внатрешна проверка.

Во публикацијата се наведува дека засега не е јасно дали апсењето на телохранител №1 на Путин е поврзан со неуспешниот државен удар во Кремљ, или станува збор за банален неуспех. Во корист побрзо на втората верзија говори фактот дека речиси истовремено со апсењето на шефот на Федералната служба за безбедност, се одржани претреси во кабинети на администрацијата и во нејзини објекти, како и во резиденцијата во Сочи, каде што обично почива Путин.

Причината за отпуштањата сепак се покажаа далеку прозаични, објасни портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Вишите службеници, покрај препораките и незадоволството на Путин, се сместиле на топли служби во Руската академија на науките и биле избрани за членови-дописници и дури за академици.

Уште минатата недела на состанокот на Советот за наука Путин изрази незадоволство од тоа усогласување на позициите и изјави: Сметам дека треба да им се даде можност да се занимаваат со научна дејност, штом проценија дека тоа е поважно од исполнувањето на било какви рутински административни обврски.

Јавно оваа можност е дадена на 14-те службеници и тие сега ќе се оддадат на научна дејност.