Путин со виц за Американците го насмеа првиот човек за Национална безбедност на САД: Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки?

од desk2
127 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува со нетрпеливоста на САД кон Русија на состанокот со американскиот советник за Национална безбедност Џон Болтон.

„Ако добро се сеќавам, американскиот грб прикажува белоглав орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, кое е симбол на мирољубивата политика“, рече Путин на состанокот со Болтон во четвртокот во Моска.

https://www.youtube.com/watch?v=0pfheFqp6fY

Рускиот претседател потоа рече дека има прашање.

„Дали вашиот орел ги изеди сите маслинки и сега му останаа само стрелите?“, рече Путин смеејќи се.

На шегата се насмеаја сите во салата, па и Болтон.