Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руска телевизија признал дека се тестира за коронавирусот на секои неколку дена.
Како што истакна, сите претходни тестови биле негативни.
„Обично правам тест на секои три до четири дена. Фала му на Бога, сите резултати беа негативни“, соопштил тој.
Путин – на вопрос «как часто вы сдаете тест на коронавирус?»: Регулярно!. Раз в три дня, четыре.
– Все отрицательные?
Путин: Слава богу, пока да pic.twitter.com/GbNTTiPs36— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) June 28, 2020
Путин бил под најголем ризик од инфекција пред неколку месеци за време на посетата на московската болница каде што се лекуваат пациентите.
Иако отиде во посета под целосна заштитна опрема, како што признава, неговите соработници го убедувале да не го прави тоа.
Одлуката на крај ја донел во консултација со лекарите.