Путин: Украина нема намера да го продолжи транзитот на руски гас во Европа во 2025 година

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина, но дека договорот за снабдување истекува во декември оваа година.

„Постојат две рути (за испорака на гас) низ територијата на Украина. Едната од нив е мерната гасна станица Сорановка, која украинската страна ја затвори доста одамна. А што се однесува до втората рута, каде што се наоѓа Суја, населено место – да, навистина, сè уште испорачуваме на таа рута, испораките се уште траат, но договорот истекува на крајот на оваа година, во декември“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Путин смета дека Украина нема намера да го продолжи транзитот на руски гас во Европа во 2025 година, иако има преземено обврски и се приклучи на европските закони и според тие правила, потребно било однапред да се резервираат капацитети за испораки.

Слични содржини