Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во врска со смртта на шест лица во бомбашкиот напад во Истанбул во неделата.
Во телеграмата Путин ја повтори подготвеноста на Русија да се вклучи во најтесна соработка со Турција во борбата против сите форми на тероризам, објавено е на веб-страницата на Кремљ, пренесе ТАСС.
Шест лица загинаа во неделата во терористички напад на главната шопинг улица во Истанбул, а полицијата приведе 46 лица, меѓу кои и Сиријката Ахлам Албашир, која е осомничена дека ја поставила бомбата.