277
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека никогаш не го видел својот татко пијан.
На форумот „Семејство и сакани“, рускиот претседател се осврна на темата воспитување. Тој посочи дека одговорноста се манифестира преку малите работи.
„Никогаш, сакам да го истакнам тоа, никогаш не сум го видел мојот татко пијан. Тоа никогаш не се случи, да не зборувам за мајка ми“, изјави Путин.
Според шефот на државата, тој, исто така, никогаш не слушнал пцовки од својот татко, кој бил вреден и одговорен човек.
Путин додаде дека живеел во атмосфера на љубов, меѓусебно почитување и поддршка.
„Тоа е она што воспитува“, заклучи претседателот.