Менаџери во кинеска фирма завршија во затвор, затоа што ги казнувале вработените на екстремен начин.

Тие ги терале вработените кои не продале доволно – да пијат мокрача и да јадат бубашваби, јавија локалните медиуми.
Полицијата тргнала во акција, откако се појавиле во јавност видеа кои покажуваат како вработените се бичувани со камшик, а приморани се да пијат жолта течност.
На вработените им е речено да јадат бубашваби ако не ја исполнат целта.
Тројца менаџери се затворени на пет и десет дена, јави South China Morning Post.
Компанијата која се занимава со реновирање куќи, наводно не им исплатила плата за два месеци, па вработените ги трпеле понижувањата во страв да не ги изгубат парите.