Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ е новото засилување на Олимпија Милано. Плејмејкерот роден во Скопје, неодамна официјално го напушти Уникс Казан.
Како што официјално објави Oлимпија на својата веб-страница и сподели на социјалните мрежи, Димитријевиќ ќе биде нивен член од сезоната 2024/25.
Бековите на италијанскиот тим, Донта Хол и Шабаз Напиер веќе го напуштија тимот, па местото на бековската позиција остана празно и се верува дека Димитријевиќ ќе биде вистинскиот потпис за пополнување.
Исто така, Милано останаа и без италијанскиот репрезентативец Николо Мели, кој би можел да биде заменет со Амир Симс од Венеција.
„Многу сум среќен и благодарен што сум дел од историски клуб. Возбуден сум поради шансата да бидам дел од Миланo и ќе се обидам да му помогнам на тимот да освои што повеќе трофеи“, изјави Димитријевиќ.
Димитријевиќ кариерата ја започна во Хувентуд каде помина пет сезони, а потоа во сезоната 2021/22 настапи за Валенсија пред да се пресели во Уникс.