Министерката Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет, во врска со анализите направени од страна на Меѓународната организација на трудот(МОТ) информираше дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи.
-Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите кои што беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска
Анализите кои се во рамки на Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“ се однесуваа на претприемачката култура, работата на далечина, пристапот на микро, мали и средни претпријатија до финансиски средства и претприемачкиот еко систем во Северна Македонија.
-Значењето на овие индикатори е големо, бидејќи токму преку нив ќе можеме компаративно да ја согледаме ефикасноста на нашиот Економско социјален совет во однос на истите вакви тела од регионот, а со тоа ја унапредиме и неговата улога во водењето на социјалниот дијалог, рече министерката Шахпаска.