Работен појадок меѓу Вучиќ и Вархеји

од Nikola Popovski
225 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово на работен појадок, се сретнал со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Вучиќ и Вархеји го разгледуваат напредокот на Србија на патот кон европската интеграција во светло на годишниот извештај што Европската комисија треба да го објави на почетокот на октомври.

Комисијата се очекува да објави голем план за економски инвестиции за Западен Балкан, заедно со извештај за напредокот на земјите во процесот на пристапување во ЕУ.

Во продолжението на вториот работен ден во Брисел, од 11 часот, претседателот на Србија ќе учествува во новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво.

https://www.instagram.com/p/CE0tKx-pd0d/?utm_source=ig_embed