Ерекцијата е нешто што го поврзуваме со мажите и сексот. Тоа обично се случува кога мажот ќе се возбуди при погледот на сакана жена или само при помислата за неа. Ерекцијата сепак може да се случи и во многу други неочекувани моменти, некои дури неосвестени.3cd7c2d1e3df359cac40a8f046692591

Еве што уште не знаеме за машката ерекција!

Ерекција може да има уште пред раѓањето
Да, можно е бебето да добие ерекција во стомакот на мајката уште пред да се роди. Такви феномени биле забележани повеќе пати на виде. Тие немаат ништо заедничко со осознаената сексуалност, се разбира. Целосно рефлексни се и се физички неконтролирани.

Ерекција се добива и сон

Овој вид ерекција исто е неосозната. Таа се случува потсвесно за време на спиењето на мажот. Еден човек може да добие до 3 полноќни ерекции, кои дури и не е задолжително да бидат предизвикани од влажните соништа.
Полноќните ерекции се компензаторен механизам на телото, кој обезбедува доволно кислород во ткивата на пенисот, за да го заштитат од оштетување. Кислородот настапува благодарение на зголемената циркулација во овој момент.06d75f6c6270b52a9e7e27ce06168cd6

Ерекција е можна и по смртта
Овој феномен, исто така е редок, но можен. Постојат случаи во кои се добива ерекција кај веќе мртов маж. Случаите во кои се забележува овој феномен се поврзани со начинот на настапување на смртта. Ако мажот починал во исправена состојба, крајот на животниот циклус може да заврши со ерекција поради преостанатата циркулација до целосното запирање на срцето.

Мирисот на вкусни слатки може да предизвика ерекција
Не само мирисот на вкусна жена може да предизвика ерекција кај мажот. Мирисот на слатки крофни, на пример, е не помалку ефикасен во таа смисла.
Според истражувањата, пријатните мириси можат да провоцираат инвазија на големи количини крв во пенисот меѓу 32 и 40% од случаите. Ова се должи на центрите во мозокот одговорни за ослободување на ендорфин или хормони на среќата кои кај мажите водат до ерекција.
Затоа патот кон срцето и пенисот на мажот минува низ стомакот. Во случајот и преку носот!ac955b349b64c5572c0ad9d8b1b5c8bc

Може да постои и бескрајна ерекција
На прв поглед ова звучи како бескрајно задоволство и сексуална забава, но не е така. Болеста се нарекува пријапизам и е исклучително болна за мажите кои страдаат од неа.
Всушност, тоа не трае бесконечно, туку може да трае до 4 часа, што практично е многу време. Оваа “бесконечна” ерекција е исклучително непријатна за мажите, бидејќи во повеќето случаи е болна и не се случува како резултат на сексуална стимулација.

Големината може да лаже
Според истражувањата, помалите во релаксирана состојба пениси почесто ја зголемуваат големината во споредба со поголемите. Некои дури и ја утројуваат големината за време на ерекција. Добра вест, нели!

Слични содржини