Работната група за уставни измени разговараше само за Деловникот, ќе го гласа следниот петок

од Nikola Popovski

Деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата, ќе се гласа на средба следниот петок, рече претседателката на работната група, Маргарита Цаца-Николовска, по вчерашната средба.

Според нејзините зборови, на вчерашната средба разговарале само за Деловникот по кој ќе работат. Поранешната судијка изјави дека не би сакала да шпекулира за времето во кое работната група може да го подготви текстот, бидејќи во групата има 23 претставници и нормално е секој од нив „да има што да каже. Сето тоа ќе разгледува и сумира и во зависност од тоа ќе има драфтирање на предлог иницијативата“, рече Цаца Николовска.

Коментарот на Николовска беше одговор на прашање поврзано со зборовите на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој очекува текстот на иницијативата да биде готов до крајот на мај, за да започне јавната дискусија.

Работната група треба да подготви амандмани за уставните измени кои Владата ќе ги достави на гласање во парламентот. Потребата од овие измени произлегува од преговарачката рамка што ја усвои владата на и која вели дека Бугарите мора да бидат вклучени во основниот закон како услов за отворање на преговарачките поглавја. Во работната група нема претставници на опозициските партии, а од нејзините 23 членови, десет се експерти, десет се предложени од политички партии, а тројца се предложени од претседателот, Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања.

Слични содржини