294
37- годишна жена била повредена на работно место во фирма во Кавадарци, по што била пренесена во болница.
Според пријавеното на 27.05.2020 во 16.05 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци била донесена со тешки телесни повреди М.Д.С.(37) од село Бегниште која се повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци.
За настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.