Работнички ја поддржа кандидатурата на Перо Антиќ за претседател на МКФ

од Vlatko K
236 прегледи

Пред најавеното изборно собрание на МКФ, КК „Работнички“ и официјално ја поддржа
кандидатурата на Перо Антиќ за претседател на Македонската кошаркарска федерација.


„Програмата која ја нуди Антиќ носи нови решенија кои ветуваат развој и издигнување на
македонската кошарка на нивото кое го заслужува овој спорт.

Освен прогресивните идеи во неговата програма, уверени сме дека Антиќ е вистинскиот човек за
позицијата кој ќе спроведе нормализирање на односите во клубската кошарка и позиционирање на
репрезентативната кошарка во високите европски кошаркарски елити“, велат од клубот.