Агонијата на околу 300 вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ продолжува. Како што тврдат, три години не им е исплатена плата со придонеси. Во фабриката за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста на државата, нема работа. Штрајкот со години беше единствен механизам на вработените за да им се исплати аванс за плата. Но, кога и овие мерки веќе немаат ефект, работниците сега наместо барања испраќаат молби до власта-информира РСЕ
Од Синдикатот на фирмата го молат премиерот и вработените во овој загубар да бидат опфатени со новите мерки за згрижување на повозрасните граѓани.
„Го молиме премиерот и неговите соработници, да не вклопат ако е можно, во новите мерки сега што ги презентира за постари лица, значи да ни го плаќа стажот до пензионирање, тоа како една варијанта. Второ, исплата на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за овие три години што се поминати, па потоа да ни се обезбеди социјален пакет за вишокот работници“, замолува Трајче Стојаноски, првиот синдикалец во „Еурокомпозит“.
Повеќе ТУКА
