Една британска студија по канцелариските работници во 1989 година откри дека вообичаениот 8-часовен работен ден е непотребно долг, бидејќи луѓето се продуктивни само 2 часа и 53 минути дневно, објави “Дејли мејр”.
Остатокот од времето, луѓето сурфаат на интернет или разговараат со своите колеги. Истражувањето на интернет облакот покажало како точно го исполнувале своето време.
Канцелариските работници проверуваат што се случува во социјалните медиуми во просек 44 минути на ден.
Тие поминуваат 1 час и 5 минути за да прочитаат вести. Тие со своите колеги разговараат 40 минути непотребно.
Топлите пијалаци одземаат 17 минути. Пушачите убиваат уште 23 минути.
Текстуалните пораки траат 14 минути, а 18 минути луѓето разговараат со пријателите и роднините наместо да работат.
Многумина бараат речиси секој ден и нова работа – 26 минути.
За ужина и подготовка на храна, трошат 8 и 7 минути, соодветно.