Работодавачите сметаат дека минималната плата не ги задржува работниците во земјата

од Берта Китинска
601 прегледи

Од организацијата на работодавачи велат дека сега не е вистинско време oдлуката за минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари и дека со ваквата мерка нема да се постигнат очекуваните резултати.

-Дури 75 отсто од работодавачите сметаат дека минималната плата не ги задржува работниците во земјата, тука се во игра многу други фактори, вели во Утрински брифинг разговаравме со Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ.

Што се однесува до недела како неработен ден Трајкоска вели дека има дејности кои не можат да ја прекинат работата во недела, но работодавачите ги исполнуваат законските обврски за работење во недела.

Новиот закон предвидува вработените во моловите да добијат две дневници за работа во недела, а работодавачите да платат дополнителни 2 отсто данок за приходот остварен во недела. Трајкоска вели дека ковид кризата мора да се земе предвид при ова законско решение.

Најгласни во барањата за недела неработен ден беа текстилните работници.

-Текстилните компании работат за странски купувачи и цените им се диктираат од Европа и зависат од однапред договорените зделки. Минималната плата мора да оди заедно со продуктивноста. Кај нас продуктивноста е на многу ниско ниво. Со поголема продуктивност ќе има повеќе приходи. Текстилните компании кубурат со продуктивноста, вели Трајкоска.

Слични содржини