Рачното пишување или куцање на тастатура – што е подобро за памтење

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Истражувачите од Универзитетот Принстон и Калифорнискиот универзитетот во Лос Анџелес спроведоа низа студии за да ги докажат разликите помеѓу студентите кои ги куцале нивните белешки и оние кои ги пишувале рачно.

Многумина го заменија пишувањето со куцање во ерата на модерната технологија. По спроведувањето на истражувањето, експертите дошле до интересни заклучоци и откритија кој од двата начина на бележење информации е подобар за мозокот.

Студентите кои ги пишувале своите белешки рачно, подобро го разбираа значењето на лекцијата отколку оние што ги куцаа своите белешки на компјутер.

Во истражувањето учествувале студенти кои куцале на предавањата на компјутер и пишувале рачно на хартија. По период од 30 минути, тие морале да одговорат на прашањата од предавањето, а потоа сето тоа да го повториле една недела подоцна.

Авторите на студијата се фокусираа на тоа колку компјутерот ја попречува концентрацијата во работата. Рачното пишување се покажа како покорисно. Оние кои куцаат имаат поголем капацитет да водат белешки и можат да запишат повеќе зборови во споредба со рачното пишување, па понекогаш би можеле да го прекуцаат целото предавање, од збор до збор.

Студентите кои пишувале рачно, морале брзо да ја обработат лекцијата, која ја препишале, што им дава предност во долгорочното паметење на новите поими.

Во тестот кој учесниците во истражувањето го решавале една недела подоцна, резултатите биле слични на оние по првиот тест.

Оние кои пишувале рачно, сè уште го разбраа значењето на лекцијата и се покажа дека се отворени за разбирање нови идеи, што покажа дека рачното пишување навистина може да ги подобри функциите на мозокот.

Слични содржини