За што сè е корисно водењето дневник?

од Elena Daskalova

Пишувањето дневник не е само за вљубени тинејџери кои немаат со кого да ги споделат своите тајни, туку може да биде навистина моќна алатка за мир и личен развој.

За жал, мал е бројот на луѓе кои реално водат дневник за она што им се случува во текот на денот. Но, верувајте, кога она што ве мачи ќе го пренесете на хартија, нештата стануваат многу полесно „сварливи“ и сфаќате дека не се толку страшни како кога се само во вашата глава.

Ако решите да водите дневник, имајте предвид дека хартијата „трпи“ буквално сè. На неа можете да ги запишете своите тајни, да правите планови, да ги преточите мислите во зборови.

Вашето пишување ќе ви донесе мир и среќа, бидејќи ќе ве поттикне да размислувате за проблемите што ги имате, да ги анализирате, да дојдете до решенија за кои може немаше да се сетите претходно. Низ текстот ќе ја исфрлите насобраната енергија и ќе се чувствувате смирено откако ќе ги запишете своите мисли.

Покрај мислите, ваквото детално анализирање на тоа како се чувствувате ќе придонесе за личен развој. Во својот дневник можете да запишувате идеи и планови, кои иако во моментот ви се чинат нелогични и непотребни, во иднина може навистина да ви користат.

Слични содржини