Рација во Германија против криумчари на луѓе преку „балканска рута“

од Stefanija Kuzmanovska

Во рација против криумчари на луѓе, полицијата во Германија уапси тројца членови на десетчлена банда составена од државјани на Германија, Сирија, Полска и Србија, кои се осомничени дека пренесувале илегални мигранти преку т.н. балкански рути во Германија.

Членовите на бандата се осомничени за организирано пренесување на најмалку 60 илегални мигранти од Србија преку Унгарија, Словачка и Полска во Германија, пренесува „Хина“.

Мигрантите платиле по 1.100 евра за превоз од Србија до Германија. Пред неколку недели, поради поместувањето на балканската рута преку Полска и Чешка, Германија вовела гранични контроли со овие земји, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини