Радарот „фати“ 106 брзи возачи во Скопје

од Nikola Popovski
206 прегледи

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според нив, од вкупниот број на санкции 13 прекршоци го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

„Исто така, изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање“, велат од полицијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.