Бугарија бара поддршка од Унгарија по прашањето за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Ова стана јасно по средбата меѓу бугарскиот претседател Румен Радев и неговиот унгарски колега Тамаш Сујок, пренесе „Bulgaria ON AIR“.
Причината, според изданието, е неуспехот на земјава официјално да го вклучи бугарското малцинство во Уставот, и покрај Договорот за добрососедство.
Денес беше вториот ден од посетата на унгарската делегација на нашиот источен сосед.
Претседателот Румен Радев го пречека Тамаш Шујок со неговиот личен автомобил пред Споменикот на непознатиот војник во Софија.