Радев: Десет години одевме кон Европа, а се најдовме покрај Уганда и Судан

од Nikola Popovski
300 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев ја коментираше одлуката на САД да воведат санкции против тројца бугарски државјани и нивните компании и навел дека ваквите мерки претставуваат преседан за Европската унија.

„Се чини дека веќе десет години одиме во правец на европскиот развој на Бугарија и одеднаш, во одреден момент, се најдовме покрај Уганда, Судан и Саудиска Арабија“, рече Радев.

Тој изјави дека во случај на примена на санкции според „Законот Магнитски“, Европската унија и НАТО немаат јасна нормативна рамка во согласност со која државата, која е под такви санкции, може да постапи. Во случајот на Бугарија, сегашната влада мора да преземе мерки, со што би се минимизирале финансиските ризици за државните институции и граѓаните.

„Се разбира, тоа треба да се направи многу внимателно, јасно и во согласност со законот. Мислам дека ќе биде неуставно ако државата не може да ја заштити финансиската сигурност на државата и нејзините граѓани. Замислете, ако државните и буџетските организации, државните компании, во случај на избрзани активности, бидат погодени од вакви санкции“, изјавил Радев.

Минатата недела, САД воведоа санкции против тројца бугарски државјани, бизнисменот Васил Божков, членот на протурското движење за права и слободи, Делјан Пејевски и Илко Жељазков, поранешен заменик-шеф на Државната служба за технички операции (една од бугарските разузнавачки служби). Сите тројца се обвинети за корупција на ниво на високи државни функционери.

Слични содржини