Радев до Вархеји: Бугарија е отворена за дијалог со С. Македонија во потрага по решение

од Nikola Popovski

Процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Ова го истакнал претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кој е во посета на Бугарија.

Шефот на бугарската држава го искажал ставот на неговата земја „која очекува резултати во билатералниот дијалог со Македонија, вклучително и обезбедување уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и вистински дејствија за искоренување на говорот на омраза, зачувување на вековната бугарска култура и историја, како и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“.

„Бугарија е отворена за дијалог со Република Северна Македонија и со европските институции и партнери во потрагата по одржливи решенија“, рекол Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини