„Бугарските власти влада не направија доволно за да ја претстават позицијата на земјата за Македонија пред партнерите во ЕУ“, изјави денес бугарскиот претседател Румен Радев во отчетот за сработеното во изминатите четири години.
Според него, само давањето бугарски пасоши не е доволно за ширење на бугарското економско и културно влијание во Македонија, а граѓаните со бугарски пасош во Македонија живееле во страв и не се самоопределувале како Бугари.
„Спорот меѓу Бугарија и С. Македонија ја потврди тезата што потпретседателката долго време ја бранеше“, истакна бугарскиот претседател.
Радев денес соопшти дека ќе се кандидира за шеф на државата и на изборите кон крајот на годинава и оти повторно очекува поддршка од бугарските социјалисти. Тој најави дека односите со Македонија ќе му бидат меѓу клучните приоритети.
Вчера, вицепремиерот Красимир Каракачанов повика на признавање на бугарското население, тврдејќи дека на 120.000 граѓани веќе им се издадени бугарски пасоши а илјадници други чекаат да ги добијат.