Радев контра Борисов: Промените во законот не треба да станат залог за нечиј политички опстанок

од Nikola Popovski

Во врска со повикот на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се свика Големо национално собрание и да се промени основниот закон, прес-службата на шефот на државата потсетила на позицијата на претседателот Румен Радев дека промените во основниот закон не треба да станат залог за нечиј политички опстанок.

„Претседателот ќе го свика Националното собрание во согласност со терминот предвиден во Уставот и откако ЦИК ќе ги објави имињата на избраните пратеници во „Државниот (службен) весник“, соопштиле од бугарската владина прес-служба.

На јавната агенда е прашањето дали партиите застапени во парламентот можат да формираат влада по соодветната уставна постапка. Во спротивно, Националното собрание ќе се распушти и без функционален парламент е незамисливо да се направат уставни измени, според позицијата шеф на државата, испратена до БНР.

Борисов прокоментира и дека нови избори не се решение за земјата и додаде дека парламентот може да одржи седница на која треба да се донесе одлука за свикување на Големото национално собрание, на која претседателот Румен Радев ќе го достави својот предлог за нов Устав на Бугарија.

Тој соопшти дека ГЕРБ, како победник на изборите, ќе предложи влада за да се испочитуваат процедурите согласно бугарскиот Устав, но неговите предвидувања се дека нема да биде избрана, по што мандатот за формирање влада ќе го добие партијата на Трифонов, Има таков народ.

За време на редовна седница на бугарската влада, тој соопшти дека најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање влада.

Слични содржини