Радев: Македонија не може да започне преговори со ЕУ, сѐ додека не се реши прашањето за правата на Бугарите

од Nikola Popovski
600 прегледи

Нема да се опуштиме, се додека не се реши прашањето за правата на Бугарите, што е европска вредност. Република Северна Македонија не може да започне преговори за ЕУ, доколку не се реши тоа, вели бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со претставниците на бугарските организации во Македонија.

Тој бил дециден дека вистината за репресиите на УДБА мора да се знаат.

-Мора да се знае генезата на процесот на дебугаризација. Бугарија не води политика против РСМ, ние сме најпријателските земји. Зошто РСМ веќе 4 години не ги менува текстовите во учебниците, зошто се поттикнува омразата кон Бугарија. Од македонските државници не добивам рационален одговор на овие прашања. Како се влева омраза кај младите во РСМ, праша Радев, додавајќи дека желбата на неговата земја е интегрирање на државите пријатели во ЕУ, а не на проблемите.

Според него, наметнато вето од владата на Борисов се должи на неспроведувањето на Договорот за добрососедство, но „нашите европски партнери не ги разбираат историските прашања“.

-Фокусот на ова вето сте вие ​​Бугарите во РСМ и заштитата на вашите права и запирање на јазикот на омразата. Ќе направиме вие Бугарите да се чувствувате достојни граѓани на РС Македонија, заклучува Радев.

Слични содржини