Радев: Меѓу младите од Македонија да не се влева омраза кон Бугарите

од Nikola Popovski
303 прегледи

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги оценил како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест, соопштија од неговиот кабинет по средствата со министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман.

Тој изразил поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.

„За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите“, рекол Радев на прашањето за учебниците во земјава.

Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатирале дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство.

„Нова рунда разговори меѓу бугарското и македонското министерство за надворешни работи се очекува до крајот на октомври“, изјавил денеска министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, објави БГНЕС.

За време на преговорите, кои ќе бидат четврти по ред, ќе се разговара и за т.н Протокол 5 + 1, објавен токму од Радев на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

Слични содржини