Радев: Нема потреба од посредници во Мешовитата комисија, никој не ја знае историјата подобро од нас

од Nikola Popovski

Бугарскиот претседател Румен Радев не сака посредници да учествуваат во Мешовитата комисија за историски прашања.

„Не ни требаат. Никој не ја знае нашата историја подобро од нас“, пренесува БГНЕС.

Тој додал дека ова му го кажал многу пати на претседателот Пендаровски и дека се зависи од нас, односно од отворен и конструктивен дијалог со Софија, заснован на историски аргументи.

„Комисијата ќе работи за историјата, најважно е – на високо политичко ниво – да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и оттаму за да се изврши притисок врз Бугарија – во секој случај. Вистинскиот чекор е еден, а тоа во Софија. Тогаш сите проблеми ќе бидат решени. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение“, им рече Радев на бугарските новинари во италијанската престолнина.

Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка, вели премиерот Зоран Заев по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.

Слични содржини