Радев: С. Македонија не ги започна преговорите со ЕУ, не ја отвори ни вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори

од Vladimir Zorba

Република Северна Македонија (РКМ) не ги ни започна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори, изјави пред новинарите во Централниот воен клуб изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Изјавата на Радев беше одговор на новинарско прашање дали ќе има одговор на барањето на македонскиот претседател Стево Пендаровски да им се забрани влез во Република Македонија на „еден европратеник и неколку други лица од Бугарија“.

„Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на оваа држава и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговорите“, рече Радев.

Тој изјави дека очекува институциите на РСМ да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања. Според него, ова веќе не е доволно.

„Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања, рече Радев“.

„Во нашиот случај, бидете сигурни, ќе се активираат сите европски механизми за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија“, додаде претседателот.

Слични содржини