Радев слета во Скопје, заедно со Пендаровски ќе патуваат за Рим

од Берта Китинска
163 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што со државниот авион на Република Бугарија  македонскиот и бугарскиот претседател заминуваат на заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим.

Скопје, по што ќе заминат на заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј. Утре Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј. Двете делегации е планирано да имаат и одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско.

Фото:Принтскрин