Радев свика консултации на државниот врв – повторно ли ќе се уценува со рокови за Делчев?

од desk4
243 прегледи

 Претседателот на Бугарија Румен Радев закажа итна консултативна средба на државниот врв за билатералните односи со Северна Македонија и поканата што ја очекува од Европската унија за почеток на преговори за членство.

Средбата,  ќе се одржи понеделнички во 09:30 часот, а темата попрецизно е:

„Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија“.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката за правосудни реформи и  министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.

Бугарските медиуми веќе наголемо ги коментираат сите опции.

Бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека „доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија“. -Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската унија, рече Каракачанов.

Тој денеска уште поотворено повика да се блокира патот за влез во ЕУ на С Македонија, а ако тоа не се случи тој ќе ја напуштел коалицијата со Бојко Борисов.

Бугарски извори коментираат дека претседателот Радев, сака да ги слушне ставовите на Борисов и другите бугарски челници, каква е стратегијата на Бугарија во однос на Северна Македонија. Тие коментираат  дека се лути на изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој порача дека не треба да се брза во разговорите на комисиите и дека еден век историја не се пакува во некој месец, особенод ека тоа е работа за историчари, а не за политичари.

Добро упатени бугарските извори исто така посочуваат дека во Бугарија се во тек   локални избори, и дека тука помалку или повеќе ќе се лицитира со „бураштина“ и екстремни барања, но на крајот на денот,  не се очпекува премиерот Бојко Борисов, кој има одлични односи со македонскиот премиер Зоран Заев, да застане на страната на Румен Радев и Каракачанов. Истите извори дадаваат дека утрешната прва порака ќе биде прво да се разреши прашањето за Гоце Делчев.

Од македонска страна не се очекува да влезе водебата надвор од предвидените рокови , динамика и закажани средби на мешовитата македонско-бугараска комисија.

На Макеоднија и се потребно сите гласови од земјит членки во ЕУ за старт на преговорите. Дури и ако само една земја е против тоа, не ќе  може да се донесе одлука .

Денови пред нозење на одлуката  – на 14 и 15 октомври е закажана  уште една средба на Заедничката комисија за историски работи меѓу Бугарија и Македонија , која беше основана според потпишаниот Договор за соседство меѓу двете држави.

Доброупатени извори тврдат дека Бугарија нема да и наштети на Македонија, и дека сето ова е само предизборен маркетинг, но сепак треба да се сочекаат и закажаниот состанок, и комисијата и состанокот на ЕУ за проширувањето и доделувањето на датумот, колку за комплетност на случувањата.