Радев: За Бугарија, приоритет е споделување вакцини на С. Македонија

од Nikola Popovski
221 прегледи

Прифатената цел за намалување на стакленичките гасови за 55 проценти до 2030 година ја става Бугарија во тешка позиција, изјавил претседателот Румен Радев при влегувањето во Европскиот совет во Брисел.

„Во оваа ситуација, бугарскиот простор за маневар е крајно ограничен. Затоа, ние ќе инсистираме да ги земеме предвид спецификите на земјите, различниот почеток на земјите-членки и воведување мерки за заштита на конкурентноста и обезбедување социјална толеранција на зелениот транзиција“, вели тој и додава:

„Ќе разгледаме механизам за споделување на вакцини од земјите-членки на трети земји, бидејќи за Бугарија приоритет е Западен Балкан со посебен акцент на Република Северна Македонија“, посочува Радев, одговарајќи на прашање поврзано со ковид-пасошите и вакцините.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на самитот на ЕУ во изјава за медиумите повика на солидарност, но не прецизираше на која тема.

Како и повеќето други лидери, бугарскиот претседател застана да се обрати пред камерите пред почетокот на средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ и упати изјава во која побара солидарност од ЕУ.

„Ова е многу важна средба за сите земји членки и за иднината на ЕУ, имаме огромни предизвици пред нас и треба да го најдеме најважното: балансот, и во сите фактори што влијаат врз развојот на иднината потребна ни е солидарност и да се земат предвид проблемите на секоја земја членка“, вели Радев.

Слични содржини