Радев за спорот со Македонија: Битни се резултатите, а не роковите

од Nikola Popovski
243 прегледи

На сите европски совети од мај, разговарав со секој европски лидер на тема С. Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ, односно човековите права и недискриминацијата, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за бугарските медиуми во Брисел.

Радев учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет, објави БГНЕС.

-Ќе продолжиме да ја браниме не само историјата, додаде Радев и истакна дека главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

-Не даваме рокови. Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати, вели бугарскиот претседател.

Според него, сите обиди за притисок врз Бугарија се контрапродуктивни.

-Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекувам притисок. Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања, додаде Радев.

Слични содржини