Радев: Заедничкото патување со Пендаровски е прекрасен повод за обновување на дијалогот со Македонија

од Nikola Popovski
238 прегледи

Заедничкото патување на делегациите од Бугарија и Република Северна Македонија во Рим и омажот кон светите браќа Кирил и Методиј е прекрасен повод да се обнови дијалогот меѓу двете земји на највисоко ниво, изјавил на скопскиот аеродром, бугарскиот претседател Румен Радев по разговорот со претседателот Стево Пендаровски, објави бугарската „БГНЕС“.

Двајцата одржале краток состанок пред македонската делегација да се приклучи на бугарската делегациј. За првпат, двете делегации отпатуваа заедно во Рим, каде им оддадоа почит на делото на Св. Кирил и Методиј.

Радев додал дека заедничкото патување е повод Бугарија и Република С. Македонија да прогласат заедничка волја за развој на односите врз основа на соработка, пријателство и добрососедство. Бугарскиот претседател се заблагодарил за гостопримството во Скопје, иако неговата посета беше кратка.