Радиодифузната такса ќе се укине најрано во октомври

од desk2
86 прегледи

Најрано во октомври може да се очекува да се укине радиодифузната такса, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

– Се надевам дека во ребалансот на буџетот ќе најдеме средства ако не повеќе барем во последниот квартал да ја нема радиодифузната такса. Наша цел е барем во почетокот на септември или почетокот на октовмри да ја укинеме – рече Заев и додаде дека нивна обврска е да се најдат пари со цел да се гарантира финансиска независност на МРТВ./плусинфо