Радман: Од голема важност е постигнување консензус за преговарачката рамка за С. Македонија

од Nikola Popovski

Хрватска го пренесува знаењето и искуството стекнато за време на пристапувањето кон Европската унија во земјите од Западен Балкан, изјави денеска Гордан Грлиќ Радман на состанокот со министрите за надворешни работи на Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

„Со активно учество во бројни регионални организации и иницијативи, Хрватска ја препозна важноста на регионалната соработка и како земја-членка на ЕУ останува сигурен партнер на Западен Балкан и продолжува да го пренесува знаењето и искуството стекнато за време на процесот на пристапување во ЕУ“, рече Грлиќ Радман.

Радман вели дека верува оти ова пренесувањ на знаење и искуство е од клучно значење, и за осум години членство во ЕУ, Хрватска спроведе 37 твининг-проекти во партнерски земји, вклучувајќи шест земји од Западен Балкан и повеќе од 700 билатерални проекти за техничка помош.

Главните теми на состанокот, се вели, биле политиката на проширување на ЕУ, соработката за прашањето на пандемијата, регионалната соработка.

Тој додаде дека му се заблагодарува на Вишеградската група „за нејзината постојана поддршка на европскиот пат кон земјите од Западен Балкан“.

Тој го поздрави одржувањето на првите две меѓувладини конференции со Србија и Црна Гора и ја истакна важноста од постигнување консензус за рамката за преговори за Албанија и Северна Македонија, јави Хина.

Тој исто така рече дека е важно да се спроведат клучните реформи во Босна и Херцеговина пред општите избори во 2022 година.

Слични содржини