Радман: Само уставните измени ќе ѝ овозможат на С. Македонија понатамошни преговори со ЕУ

од Nikola Popovski
300 прегледи

Само измената на Уставот на Северна Македонија ќе овозможи понатамошни преговори со ЕУ. Хрватска го поддржува спроведувањето на францускиот предлог. Ова го изјавил министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој е во официјална посета на Софија на покана на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел.

Двајцата разговарале и за соработката меѓу Бугарија и Хрватска во рамките на ЕУ и НАТО, пристапувањето на нашиот источен сосед во Шенген зоната и во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), војната во Украина и други важни теми за меѓународна агенда.

Бугарија и Хрватска заедно можат да дадат одговори на многу предизвици, нагласила Габриел.

Додала дека Бугарија ги исполнила сите шенгенски критериуми и очекува поддршка од нивните европски партнери.

Нашата желба е да постигнеме висок степен на координација со Хрватска на политичката агенда, кажала бугарската министерка, објави БГНЕС.

Слични содржини