Радман во официјална посета на Скопје

од Берта Китинска
264 прегледи

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Радман ќе се сретне со шефот на дипломатијата Бујар Османи, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатската обука, информираат од МНР.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер ќе се одржи гала настан со концерт, по што ќе следи прием по повод 30-годишнината од воспоставувањето на односите меѓу двете земји.

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман следниот ден ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16 до 18 јуни во Охрид.

Слични содржини