Маричиќ-Радман: Само со дијалог и консензус околу европската иднина до брзо членство во ЕУ

од Vladimir Zorba

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на „Преспа форум дијалог” се сретна со министерот за европски и надворешни работи

на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, со кој разговараа за актуелните домашни политички случувања, за реформите и интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.

– Примерот на Хрватска за членство во ЕУ вели дека може брзо да се направат реформите и да се напредува и тоа е наш поттик во надминувањето на предизвиците и обезбедувањето членство во ЕУ, кажа на средбата Маричиќ.

Министерот Радман рече дека Хрватска и понатаму безусловно ќе ја поддржува Северна Македонија во остварувањето на нејзината стратешка цел, посочувајќи дека политиката која владата ја спроведува е мудра и предводена од конструктивна волја за соработка и дијалог.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на поддршката и заложбата на Хрватска за нашиот напредок на европскиот пат, укажувајќи дека Хрватска како голем и искрен пријател на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, може многу позитивно да придонесе во напорите на нашата држава на евроинтегративниот пат.

На средбата беше разговарано и за важноста да се запази рокот за уставните измени и дека 2023 година е клучна за Северна Македонија и креирањето на идните граници на ЕУ.

Слични содржини