Радоичиќ призна дека го организирал нападот на Косово: „Не му кажав на Вучиќ!“

од Vladimir Zorba
413 прегледи

Горан Петронијевиќ, адвокатот на Милан Радоичиќ, претседателот во заминување на Српската листа, политичка партија на косовските Срби, призна дека Радоичиќ стои зад нападот во манастирот Бањска.

Адвокатот го прочита соопштението со следнава содржина:

„Јас, Милан Радојичиќ, татко Рајко, роден во Република Србија, поради бројните шпекулации кои се појавија, ве известувам дека заедно со моите сонародници од северот на Косово и Метохија, дојдов на северот на Косово и Метохија, до село Бањска, на 24 септември. Причината за нашето враќање беше да го поттикнеме српскиот народ од тој крај да се спротивстави на теророт на кој е секојдневно изложен. Ги известувам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ, од Курти до бројни странски помагачи, дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на народот, а овој чин нема никаква врска со мојот претходен политички ангажман. Никого не известив за тоа, дури ни српските власти, ниту пак добив помош од нив бидејќи веќе имавме различни ставови за теророт на Курти“, се вели во писмото.

„За да ги задоволиме политичките причини, да ја смириме ситуацијата, неколку пати се повлекувавме бидејќи ни беше кажано дека на тој начин ќе придонесеме за деескалација и дека КФОР ќе направи се што е потребно за да го заштити српскиот народ. Меѓутоа, другата страна не го доживеа нашето смирување како добра волја, туку како слабост. Поради ова, активностите на силите на Курти, кои илегално го окупираа северот на Косово, се зголемуваа од ден на ден. Едноставно, сите досегашни методи на отпор не доведоа до подобрување на животот, туку до зголемување на бруталноста на режимот на Курти. Во таква атмосфера решив да постапам“, ги прочита адвокатот зборовите на Радоичиќ, кој заклучи дека е подготвен да одговори на поканата на српските правосудни органи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска соопшти дека и Радоичиќ поднел оставка како шеф на Српска листа.

Да потсетиме, Радоичиќ со години се споменуваше како контроверзен бизнисмен на северот на Косово, поврзан со многу криминални дела, од нелегална трговија со градежен материјал до убиството на Оливер Ивановиќ, лидерот на умерената струја на Србите во Косово.

Слични содржини