Радоичиќ пуштен од притвор, забранет му е влез на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Високиот суд во Белград го отфрли предлогот на Обвинителството во Белград да му одреди притвор на Милан Радоичиќ, кого косовските власти го обвинуваат дека е организатор и учесник во вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември, во кој еден полицаец беше убиени.

На Радоичиќ му беа изречени мерки за забрана за напуштање на местото на живеење, со кои му беше забрането да ја напушти територијата на Република Србија без судско одобрение и му беше забрането да оди на Косово.

Ќе мора и секој први и 15-ти во месецот да се јавува во надлежната полициска станица.

Му биле одземени патните исправи.

Во соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград, се наведува дека Радоичиќ бил сослушан поради сомнение дека со неколку непознати лица ги извршил кривичните дела здружување заради извршување кривични дела, неовластено изработување, држење, носење и трговија со огнено оружје и експлозивни материи и тешки дела против општата безбедност.

Од Обвинителството соопштија и дека во наредбата за спроведување на истрагата се опфатени неколку засега непознати лица, кои се товарат за кривично дело тешки дела против општата безбедност.

Слични содржини