Радуловиќ му дал 150 илјади евра на Боки за лекови и гардероба

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Во продолжение на рочиштето за случајот „Рекет“, сведокот Александар Радуловиќ објасни како првообвинетиот Бојан Јовановски требало да купи апчиња и гардероба за неговата болна сопруга.

– Бојан во Милано одеше и на некоја ревија. На него му дадовме поголема сума пари да купи апчиња и гардероба за мојата сопруга. Само лековите чинат 12 илјади евра за месец, а ние нарачавме апчиња за 7 месеци. Му дадовме пари и купи и гардероба на мојата сопруга. Му дадовме околу 150 илјади евра”, изјави Радуловиќ.

Тој потврди дека парите кои му ги дал на Бојан се легално заработени.

И.Р.

Слични содржини