Рафајловски: „Овторен Балкан“ ќе ги затвори т.н воени секири или афинитети кои се случуваат на балканските простори

од Vladimir Zorba
482 прегледи

Иницијативата Отворен Балкан не е замена за ЕУ, но на ниво на регион е многу сериозна и многу подобра, смета бизнисменот Горан Рафајловски. Во разговор за „Локално“ потенцира дека дури и утре да влеземе во Унијата, многу подобро ќе се справиме со европскиот апарат, отколку ако влегуваме земја по земја.

„Едно е кога бараат 18 милиони луѓе, а друго е кога бараат 2 милиони луѓе,бидејќи како што вели тој преку вака дизајниран проект многу подобро ќе си ги оствариме желбите, многу подобро ќе се разбираме и ќе го добиеме тоа што го бараме.

„Тоа е иницијатива која веројатно треба да ги закопа т.н. воени секири или афинитети кои се случуваа на балканските простори во изминитиве 30-тина години. Тоа е иницијатива каде што ќе разбереме дека ние на Балканот сме едно единствено, заеднично живо битие, кое што треба да работи заедно. Замислете каква силна порака ќе испратиме на Европа која постојано со нас игра топло-ладно и вели дека е изморена од проширувањето кога ние на оваа територија ќе ѝ покажеме дека можеме да формираме сериозна Унија, која знае да функционира и тогаш веќе ќе бидеме многу посакувани од нив и веќе нема да разговараат со ниво на потценување, туку ќе покажат повеќе почит. Како економии, ќе покажеме многу повеќе и ќе бидеме многу попријатни да не примат во ЕУ. Ако сме здружени во поинаков состав и покажеме дека можеме да се справиме со проблемите и минатото, ако покажеме дека нема да се враќаме на глупостите што ги преживеавме од распадот на Југославија, дека нема да зборуваме за приказните за Голема Србија или Голема Албанија, ќе добиеме многу со иницијативата Отворен Балкан”.

Проектот „Отворен Балкан“ требаше да се случи многу одамна на овие простори смета Рафајловски а придобивките од него ќе бидат големи за секоја земја посебно но и за целиот регион.

„Отворен Балкан значи дека ќе се отвори повторна патека како Југославија, за да работиме заедно како во капацитетите на поранешната заедничка држава и да не зборуваме веќе за микродржави со 2 милиони жители како ние, околу 3,5-4 милиони има Албанија, околу 3,5-4 милиони има БиХ, 500-600 илјади има Црна Гора и Србија има 6,5 милиони. Со тоа веќе зборуваме за блок од 18 милиони кој што ако заеднички го погледнеме БДП, многу повеќе ќе ни донесе, затоа што во светот на економијата и бизнисот и секогаш кога се зголемува еден пазар, секогаш тоа делува многу позитивно и просперитетно. Многу е страшно кога делиме, а многу е добро кога ќе почнеме да собираме и да си ги гледаме капацитетите на заеднички начин”.

Рафајловски нема сомнеж дека бизнисмнеите од нашата земја добро ќе го искористат тоа што го договорија политичарите.

„Бизнисмените си ја знаат работата и ги поминаа најтешките времиња и во војни, а не во вакво време каде што се блиски и каде што можат да се разберат и дека кога ќе се отворат границите, ќе добијат уште повеќе. На поситните ќе им биде потешко, а покрупните ќе направат многу посериозни помрднувања нанапред и сериозни компании како што заслужува Западен Балкан. Ние на овие простори практично дали имаме три до четири компании што можат да влезат на Форбс во некоја листа и да кажат дека вредат милијарда. Ние сериозно немаме голем бизнис и затоа треба да отвориме правец и поле за тоа”.

Во однос на можноста иницијативата во иднина да се прошири со БИХ и со Косово, Рафајловски смета дека иако граѓаните на двете земји сакаат да пристапат на проектот, одлуката за тоа вели е политичка. Дневно- политичките теми на босанските и косовските политичари не се добри за Отворен Балкан, вели Рафајловски,тие треба да се приклучат за да добијат отворени граници, комплетно признавање на тоа за што се залагаат и целосна акција за тоа што го правеле измиативе години.

К.В.С.

Слични содржини