Барселона ја прекина серијата порази од Баерн и со победа од 4:1 најави дека оваа сезона и кога нема пет профилирани стартери може со бројни млади играчи да го презеде првото место во Лигата на шампионите на УЕФА.
Поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик ја подобри и забрза играта на Каталонците, го опушти Бразилецот Рафиња, кој со лента на раката ја растури одбраната на Баварците и со „хет-трик“ го прослави 100-от настап за „блауграна“.
„Голема вечер за нас, среќен сум со начинот на кој одигравме, начинот на кој победивме голем ривал и ја добивме втората победа во Лигата на шампионите. Сега размислувам за „Ел Класико“. Најдобриот натпревар во Лигата на шампионите? Мислам дека најдобрите натпревари во ова натпреварување допрва доаѓаат“, истакна Рафиња.
По двата одлични настапи на Реал и Барселона против германските гиганти Борусија Дортмунд (5:2) и Баерн (4:1), во сабота на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува спектакуларно „Ел Класико“.