Првата задача на Ралф Рагник во Манчестер Јунајтед, која нема никаква врска со тренерската работа, ќе биде тешка и предизвикувачка – според германските медиуми, тој ќе се обиде да го убеди Ерлинг Халанд да ја избере понудата од „Олд Трафорд“ пред сите останати.
Халанд, според сите проценки, ќе биде на пазарот следното лето, бидејќи Борусија Дортмунд веќе нема капацитет да го задржи, па единствено прашање е каде ќе ја продолжи кариерата Норвежанецот.
Рагник е во добри односи со Ерлинг и неговиот татко Алфа-Инге, пишува „Билд“ што е силен адут во преговорите.
Исто така, Јунајтед има пари за оштета за Борусија, па практично останува на семејството Халанд и агентот Мина Рајоли да се согласат за трансферот.
Претходно денеска англиските медиуми објавија дека Роберто Манчини би можел да дојде на клупата на „ѓаволите“ од лето, под услов Италија да не се пласира на Светското првенство.