Ралф Рангник, тренерот на Манчестер Јунајтед, смета дека на исходот од дуелот со Атлетико на „Олд Трафорд“ влијаеле критериумите за судењето на Словенецот Славко Винчиќ и однесувањето на гостинските играчи.
Манчестер Јунајтед е поразен (1:0) и елиминиран од Лигата на шампионите во осминафиналето откако првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1.
„Не знам дали се играа две минути непрекинато во второто полувреме без еден играч на Атлетико да лежи на теренот. Судијата го дозволи тоа. Имаше чудни одлуки, а продолжението од четири минути е неразбирливо“, изјави Германецот.
Рангник исто така нагласи дека стилот на игра на Атлетико е невообичаен за денешниот фудбал.
„Десет години се исти. Важно им е да не примат гол, а не да дадат. Тоа е Атлетико, не се менува, а на некој не му е лесно да се навикне на таков фудбал“, изјави Германецот.
Во секој случај, тешко е да се најдат изговори за уште една пропуштена сезона, особено по големите акции на пазарот во текот на летото, и доведувањето на Роналдо, Санчо, Варан …
Јунајтед последниот трофеј го освои во 2017 година, во Лигата на Европа, кога тимот го предводеше Жозе Мурињо.