Шпанија ќе продолжи да владее со Каталонија директно од Мадрид во случај поранешниот лидер на каталонија Карлес Пучдемон повторно да биде избран на таа позиција, соопшти шпанскиот премиер Маријано Рахој.

„Апсурдно е некој да се надева дека ќе бид претседател на регионалнаѕа каталонска влада од Брисел“, рече Рахој, пренесе Ројтерс.
Вели дека во случај на реизбор на Пучдемон, Шпанија ќе продолжи да владее со каталонија, врз основа на шпанскиот устав.
Новиот парламент на Каталонија ќе ја одржи својата прва седница на 17 јануари, а изборот на петседател на каталонија треба да заврши до 31 јануари.
Централната влада на Шпанија во Мадрид ја отфрли претходно можноста Пучдемон повторно да ја води владата на каталонија од Брисел и соопшти дека таков обид ќе оспори пред суд. „Парламентарните правила се многу јасни“, рече портпаролот на владата Иниго Мендес де Виго на неделната конференција за печат, додавајќи дека водењето влада од Брисел е нереално и дека се противи на здравиот разум.
Најзначајните каталонски партии, кои се согласуваат за независноста на таа покраина, постигнаа договор во средата повторно да го изберат Пучдемон за регионален лидер, подоцна овој месец, изјави денеска портпаролот на Пучдемон, кој не е именуван.
Пучдемон, лидер на политичката платформа „Заедно за Каталонија“, постигна во вторник договор на вечерата во Брисел со Марта Ровиро од Републиканската левица, која е надлежна за партиските работи, додека лидерот на партијата Ориол Жункерас е во затвор, пренесе Политико повикувајќи се на El Pais.
Пуќдемон кој побегна во Белгија за да избегне одење во затвор планира да се обрати на регионалните пратеници по пат на видео или неговиот говор, кој кандидатите за лидер на Каталонија мора да го одржат пред гласањето, да го прочита негов застапник, наведува El Pais.
Сепаратистичките партии освоија тесно мнозинство во парламентот на изборите на 21 декември, кои беа распишани откако шпанскиот премиер Маријано Рахој го смени Пучдемон и членовите на неговата влада, по референдумот за независност на Каталонија од октомври лани.